ПРИВЕДЕНИ 5 АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ Рација во локали во Гостивар и Врапчиште
Злоупотребиле туристички престој во угостителски објекти во Гостивар и Врапчиште
Во текот на ноќта меѓу 18 и 19 ноември, полициски службеници од ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на градот и околните села. При контролата, во локал на ул. „Илинденска“ биле затекнати и приведени четири албански државјани, додека во село Зубовце биле приведени уште две лица од Албанија. Петмина од приведените се жени.
Сите лица биле задржани во полициска станица поради тоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.