ПРИВЕДЕНИ 18 УЧЕСНИЦИ ВО ТЕПАЧКАТА ЧКЕМБАРИ-КОМИТИ Насилниците се идентификувани од снимките

Во врска со овој настан денеска во полициска станица дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица – велат од МВР.

160

Полицијата вчера привела 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје, информира МВР.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари. Во врска со овој настан, денеска во полициска станица дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари.“, стои во соопштението на МВР.






На ракометниот натпревар меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, во еден момент, додека навивачите на Пелистер влегуваа во салата, фановите на битолскиот клуб почнаа со факели да фрлаат кон трибината каде што беа другите гледачи, а потоа навивачите на Вардар влегоа на теренот и настана хаос.

Натпреварот по краткиот прекин продолжи, а потоа следуваа вербални пресметки меѓу двете навивачи групи.

(ВИДЕО) ЧКЕМБАРИ И КОМИТИ ГО ПРЕКИНАА ДЕРБИТО ВО РАКОМЕТ Летаа шишиња и тврди предмети во салата „Јане Сандански“

Поврзани содржини