На подрачјето на полициската станица Бит Пазар, вечерва од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„МВР продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со ковид-19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот“, се наведува во соопштението.