ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

0

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата.

Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и во Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка. Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило.






„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, апелира МВР.

Поврзани содржини