ПРИВЕДЕНА НАСТАВНИЧКА ОД НЕГОТИНО Пријавена е дека малтретирала ученици
Полицијата постапувала по пријава за психичко малтретирање за време на настава, информира СВР Велес.
Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Велес.