Приведен маж од Студеничани баран со потерница за трговија со луѓе

225

Полицијата вчера околу 16.30 часот, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, го привела В.Ф.(37) од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

При приведувањето на В.Ф. се обидел да избега, соопштија денеска од МВР, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. В.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Поврзани содржини