ПРИВЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ЗА НАПАД СО НОЖ Биле нападнати и повредени тројца малолетници

Лицето, на 28 месецов, во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице, со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди – информира МВР во билтенот.

166

Полициски службеници од СВР Скопје вчера привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека лицето, на 28 месецов, во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице, со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.






Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до страна на Основното јавно обвинителство – Скопје.

За зачестени напади со нож во центарот на Скопје деновиве предупреди на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој рече дека овие случаи зачестиле, а полицијата недоволно енергично реагира.

„ШВЕРЦЕРИ“ СО НОЖЕВИ НАПАДНАЛЕ ПЕТ ДЕЦА КАЈ ИСТ ГЕЈТ МОЛ, МВР И СПАСОВСКИ МОЛЧАТ! Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува за скандалозно забошотување

Поврзани содржини