Приведен гевгеличанец кој без дозвола возел „даеву ланос“ со регистарски таблички од „мерцедес“
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР „Југ“ за понатамошна постапка.
Полицијата синоќа го приведе Д.П. (54) од село Миравци бидејќи возел без возачка дозвола и со фалсификувани регистарски таблички на возилото.
Како што соопшти МВР, синоќа на автопат А1 – кај клучката Миравци, полицајците при контрола утврдиле дека Д.П.(54) од с.Миравци, гевгелиско без да поседува возачка дозвола управувал патничко возило „даеву ланос“, со гевгелиски регистарски ознаки.
„При контрола на патничко возило „даеву ланос“, со гевгелиски регистарски ознаки е констатирано дека регистарските ознаки кои ги користел биле од патничко возило „мерцедес“, сопственост на В.Ф. од с.Миравци, поради што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, соопшти МВР.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР „Југ“ за понатамошна постапка.