ПРИВЕДЕН ГЕРМАНЕЦ ВО СКОПЈЕ Странецот имал симбол што шири омраза на мотоциклот
Наместо регуларен симбол, порака на омраза. Полицијата реагирала веднаш на сомнителното возило во Центар.
Полициски службеници од СВР Скопје го привеле 37-годишниот М.М. од Сојузна Република Германија, откако на мотоцикл кој го управувал бил истакнат симбол што предизвикува национална, верска и расна омраза и нетрпеливост.
Приведувањето се случило на 5 август 2025 година, околу 19:45 часот, на булеварот Илинден во центарот на Скопје. Според полицијата, моторот бил со тетовски регистарски ознаки, а сомнителниот симбол бил видливо поставен на возилото.
„По преземени мерки, лицето било лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.
За случајот бил известен и јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот, против германскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава.