Приведен Албанец баран со потерница, фатен крадец додека крадел

Во угостителски објект во Гостивар биле затекнати девет лица, меѓу кои четири странски државјанки (три од Р.Албанија и една од Р.Косово).

235

ПРИВЕДЕН АЛБАНЕЦ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА – На 12.10.2020 во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.А.(35) од Р.Албанија се наоѓал на СТОП-листа на Интерпол и за него била распишана меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

КАЗНИ ЗА НЕСОВЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ – Во периодот 10.10-12.10.2020, полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на Битола извршиле контроли на брзина, алкохол, техничка исправност на возилата, користење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување возило, поседување на возачка дозвола. Притоа, поради поголема брзина од дозволената санкционирани се 113 возачи, 23 возила биле нерегистрирани, без возачка дозвола управувале 29 возачи, под дејство на алкохол биле 11 возачи, сигурносен појас не користеле пет возачи, а осум зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилности издадени се соодветни налози.






ПРИВЕДЕНИ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ – На 13.10.2020 полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, од 00 до 01.30 часот спровеле акциска контрола во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, сопственост на Р.Б.(46) од Гостивар, при што во објектот биле затекнати девет лица, меѓу кои четири странски државјанки (три од Р.Албанија и една од Р.Косово). Тие се лишени од слобода за натамошна постапка.

ФАТЕН КРАДЕЦ НА ДРВА – На 12.10.2020 во 14.20 часот, во атарот на тетовско Седларево, во месноста „Крушица“, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.И.(25) и С.И.(32) од ова село, поради бесправна сеча на дрва. Тие се задржани во Полициската станица Тетово.

ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ КРАДЕЦ ВО СРЕД КРАЖБА – На 12.10.2020 во 14.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.И.(22) од Свети Николе, затоа што бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ . Против Н.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА И УДРИЛ ВО КАНДЕЛАБРА – На 13.10.2020 во 02.00 часот било пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабра. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.А.(27) од Скопје, констатирани во Комплекс  клинки „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен би увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

СТАРЕЦ ПРИЈАВИЛ КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ – На 12.10.2020 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(80) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Поврзани содржини