ПРИВЕДЕН 23-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПУКАШЕ ОД „АУДИ“ ВО ЧАИР Користел гасен пиштол „Зораки“
Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол "Зораки", кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир, се вели во полицискиот билтен.
Скопската полиција го пронашла и го привела 23-годишникот кој пукаше од „ауди 3“ во скопски Чаир утрото во 8 часот на 30 март, информираше Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се влеи дека полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки го пронашле А.Д. од Скопје.
„Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол „Зораки“, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир. По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци“, се вели во полицискиот билтен.
Според соопштението, А.Д. во 8 часот испукал неколку куршуми во воздухот од „ауди“ на улицата Цветан Димов.