ПРИТВОР ЗА ОДГОВОРНИТЕ НА СПЛАВОТ „ФРИСТАЈЛЕР“ Сопственикот не смее да комуницира со одредени луѓе
Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона за време на новогодишната ноќ.
Белградското обвинителство одреди притвор од 30 дена за осомничените В.Д. (46) и Р.М. (41), директор и менаџер на сплавот „Фристајлер“, додека на сопственикот Љ.М. (51) му е одредена мерка „забрана за приближување, средба и комуникација со одредено лице и посета на одредени места“.
Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона за време на новогодишната ноќ.
Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа 10 минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.
За среќа, во инцидентот немаше повредени и настрадани лица.
„Извлекувањето на сплавот е обврска на сопственикот на објектот“, соопшти Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.