Пристоен човек на чело на Америка

Англичанката Гертуд Бел, која патувала во минатото низ нашиве простори ќе каже дека за нас Балканците фактите се факти само кога ни одат во прилог. Сто години подоцна и во најстарата уставна република во светот фактите станаа факти само кога се во прилог на Трамп лично. Но, големата лага која на крајот од својот мандат ја изговори Доналд Трамп, имено, дека Џо Бајден ги украл изборите, предизвикувјќи крвопролевање во Конгресот, може трајно да го протера Трамп од политиката на Америка. И треба. 

2,642

Светот може конечно да здивне. Со изборот на Џо Бајден за претседател, пристојноиста и вистината се вратија во Америка. Во својот инаогурален говор тој се спротистави на тврдењето дека земјата е безнадежно поделена покажувајќи со прст кон заедничките вредности кои постојат, но се пореметени од лаги.

Постои вистина и постои лага, порача Бајден, да ја браниме вистината и да ја поразиме лагата. Спуштете ја температурата, секое несогласување не мора да биде причина за војна, а политиката не мора да биде како огнена стихија. Добри пораки и за нас во Македонија. 

Се сеќавам дека пред четри години, во исто време кога ние не можевме глава да кренеме од лаги и непристојности на нашите политичари, регистрирани во снимките кои ги објави опозицијата, ја згубивме и меѓународната потпора во борбата за вистината и за пристојноста.

Имено, токму тогаш Доналд Трамп, непристоен човек спремен да лаже и да креира сопствени факти, беше избран за претседател на САД. Четри години, заедно со Американците и другите народи на светот, го држевме здивот стрепејќи најмоќниот човек на планетата Земја да не направи некаква глупост после која сите би отишле по ѓаволите. Големата дилема беше: ќе успее ли демократскиот систем да се справи со американската верзија на Бенито Мусолини.
На проба беше ставено тврдењето на мојот американски пријател дека Америка имала и лоши претседатели но дека, благодарејќи на развиените демократски институции, тие не можат да направат големи штети. Се покажа дека, сепак, бил во право.

Од првиот ден па до последниот, независното судство, либералните новинари и опозицијата во Конгресот се бореа против авторитаризмот на претседателот на Америка, секојдневно броејќи му колку лаги искажал и бранејќи ја вистината. На страшната моќ која ја поседуваше претседателот на САД Трамп, храбро и се спротиставија поединци посветени на вистината и правдата.
Расправата со авторитарниот водач често се сведуваше на расправа околу елементарни нешта. На пример, дека, во услови на демократија, секој има право на сопствено мислење но нема право на сопствени факти.

Англичанката Гертуд Бел, која патувала во минатото низ нашиве простори ќе каже дека за нас Балканците фактите се факти само кога ни одат во прилог. Сто години подоцна и во најстарата уставна република во светот фактите станаа факти само кога се во прилог на Трамп лично. Но, големата лага која на крајот од својот мандат ја изговори Доналд Трамп, имено, дека Џо Бајден ги украл изборите, предизвикувјќи крвопролевање во Конгресот, може трајно да го протера Трамп од политиката на Америка. И треба. 

Поврзани содржини