Пристигнуваат првите сигнали од ЕУ за понудата од Русија за 100 милиони вакцини
По понудата од Москва, одговори германскиот институт „Пол Ерлих“, од каде беше објавено дека веќе се во контакт со Русија во врска со регистрацијата на вакцината во Европската унија.
По понудата на Москва да му помогне на официјален Брисел, кој е на тенок мраз поради ограничените количини на вакцинаци против коронавирус, пристигнуваат сигнали од ЕУ.
Oд Москва пристигна понуда од компанијата што стои зад руската вакцина против ковид-19, да испрати во ЕУ 100 милиони дози вакцина „Спутник V“ во текот на вториот квартал од годинава.
По понудата од Москва, одговори германскиот институт „Пол Ерлих“, од каде беше објавено дека веќе се во контакт со Русија во врска со регистрацијата на вакцината во Европската унија.
MORE | Germany’s Paul Ehrlich Institute in contact with Moscow to submit appeal for #SputnikV vaccine registration in EU#SputnikUpdates @sputnikvaccine https://t.co/bgdwQhEVqp
— Sputnik (@SputnikInt) January 29, 2021
Брисел веќе со денови има огромни проблеми при вакцинирање на жителите на Унијата, поради доцнењето на претходно договорените испораки на вакцини од западните производители, од кои деновиве е посебно актулен случајот со „АстраЗенека“.
Иако и натаму не е соопштен официјален став за конечна одлука на Европската комисија, познавачите коментираат дека ралноста не дозволува одолговлекување на ситуацијата.
Поради застојот во испораката на вакцините, две земји, членки на ЕУ, полека почнуваат да размислуваат за свртување кон други пазари за набавка – Русија, но и Кина.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, одамна го искажа својот став, што го потврди и денес. Тој рече дека неговата земја може да потпише договор за набавка на кинески вакцини денеска или утре, додека руската „Спутник V“ е веќе набавена, минатата недела.
Сега и Хрватска влегува во приказната за набавка на руската вакцина во земјите на ЕУ. Според регионалните медиуми, официјален Загреб размислува за набавка на руската вакцина, поради доцнењето на веќе направените нарачки од други производители.