🎥 ПРИСТИГНАА ВОЗИЛА НА ИТНАТА ПОМОШ ОД БУГАРИЈА Двајца критично повредени во трагедијата ќе се лечат во Софија
Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски ", Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници.
Повеќе возила на Итната медицинска помош од Бугарија пристигнаа во Клиничкиот центар во Скопје од каде треба да бидат хоспитализирани пациенти на лекување во Бугарија.
Во пожарот во дискотеката во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица и 155 се повредени.
Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград.
Настов информира дека здравствената состојба на другите останати пациенти е стабилна.