Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, објави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.
– Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку сѐ уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок – стои во неговата објава на Фејсбук.