ПРИСТИГНА ДЕБИТАНТОТ ВО „ЦРВЕНО-ЖОЛТИОТ“ ДРЕС Ердал Ракип се приклучи на репрезентацијата

Ракип е засилување на Македонија во средниот ред, особено откако Енис Барди отпадна од списокот поради повредата која ја здоби на последниот меч со Романија во септември.

782

Дебитантот во „црвено-жолтиот“ дрес, Ердал Ракип кој настапува за шведски Малме, денеска дојде на првиот собир на македонската фудбалска селекција во пресрет на мундијалските квалификации, при што беше беше пречекан од селекторот Благоја Милевски и дел од новите соиграчи.

Ракип е засилување на Македонија во средниот ред, особено откако Енис Барди отпадна од списокот поради повредата која ја здоби на последниот меч со Романија во септември, па сега од фудбалерот кој оваа година со неговиот тим има искуство со настапите во Лигата на шампионите.






Репрезентативците полека пристигнуваат во базата, додека попладнево од 17 часот го има воведниот тренинг со што започнува подготовката за гостувањето во Лихтенштајн во петок од 20.45 часот, меч кој е од исклучителна важност да се победи за да се задржат шансите за второто место, а потоа во понеделник во Скопје е спектаклот со Германија, исто така од 20.45 часот.

Поврзани содржини