ПРИРОДЕН ЕЛИКСИР ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ Мед, ореви, лук и оцет за подобро здравје

Во време на настинки и грип, секој совет е добредојден. Најдовме рецепт за природен еликсир за кој ви требаат само 4 состојки - мед, лук, ореви и оцет.

463

Овој природен и пред сѐ едноставен еликсир од само четири состојки – мед, лук, ореви и оцет, помага при болки во грлото, варење, слаба циркулација и размена на материи во организмот. Се препорачува и за срцеви и бубрежни заболувања, го намалува крвниот притисок, а одличен сојузник е и за одржување на витка линија.

Во народот се препорачува и кај силно кивање така што се зема пред појадок и пред спиење.






Медот е најдобриот седатив и го зајакнува сонот. Доколку една лажица мед во текот на вечерта не е доволна за добар сон, народната медицина го препорачува следниот рецепт: Во мала чаша ставете мед и додадете три лажици јаболков оцет. Велат дека делува за половина час, а во случај на тешка несоница потребно е да се земат уште две лажички од оваа смеса. Повторете ја постапката во случај на будење во текот на ноќта.

Поврзани содржини