ПРИОРИТЕТ НИ Е БРЗА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10 Стоилковиќ, Николоски и Муцунски на средба со Брнабиќ во Белград

Николоски потенцираше дека Мaкедoнија и Србија оддржуваат доста блиски односи, а со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тие односи и релации уште повеќе ќе се подобрат затоа што се работи за два пријателски, два братски народи кои што треба да имаат најдобри односи и најдобра соработка.

481

Вицепремиерите Иван Стоилковиќ и Александар Николоски, и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија се во дводневна официјална посета на Србија на која ќе имаат средби со државниот врв на оваа земја.

– Зборувавме за политичка и за економска соработка, секако за затоплување на политичките односи и за подобрување за економската соработка, зголемување на трговијата, на трговската размена, отворање на што повеќе работни места и во Македонија и во Србија за компании кои што работат и во Македонија и во Србија, изјави вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски,






Николовски потенцираше дека Мaкедoнија и Србија оддржуваат доста блиски односи, а со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тие односи и релации уште повеќе ќе се подобрат затоа што се работи за два пријателски, два братски народи кои што треба да имаат најдобри односи и најдобра соработка.

На средбите разговарано е за подбрувањето на инфраструктурата, пред се во делот на Коридор 10 и изградбата на брзата пруга.

– Знаете дека една од главните заложби на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и моја лична како потпретседател на Владата и министер за транспорт е изградба на брза пруга Скопје-Солун која што треба да се надоврзе на брзата пруга која што веќе постои од Солун до Атина и исто така на брзата пруга Белград – Будимпешта – Виена, а се надевам дека во најбзро време Србија ќе ја изгради брзата пруга Белград – Ниш-Скопје и на тој начин Македонија да биде поврзана со возови што се движат со 200 км на час и поврзана со Централна и Западна Европа на брз и квалитетен начин. Во исто време да се развива бизнисот затоа што ќе се отворат две големи пристаништа кои природно гравитираат кон Македонија, а тоа е Солунското и пристаништето Пиреа во Атина – изјави Николоски.

Исто така е разговарано за натамошен развој на пријателските односи, потпирајќи се на заедничката историја и блиските културни врски. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка, со заемно задоволство што во Собранието на Република Северна Македонија е формирана парламентарна група за пријателство со Србија. Оваа иницијатива дополнително ќе ги зајакне политичките и дипломатските односи, обезбедувајќи нови можности за подобрување на билатералниот дијалог.

Брнабиќ го истакнала значењето на Македонија како економски партнер на Србија, како на полето на надворешната трговска и инвестициска соработка а се разговараше и за Протоколот потпишан во Скопје, кој овозможува воспоставување слободен пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан, што ќе придонесе за подобрување на деловното опкружување и решавање на проблемот со недостигот на работна сила“.

„Вицепремеирот Стоилковиќ, исто така, изрази задоволство од зајакнувањето на соработката и истакна дека силните и постојани врски меѓу двата народи претставуваат солидна основа за натамошно унапредување на соработката на сите нивоа. Тој додаде дека активно ќе работат на учество на претстојниот светски изложбен настан ЕКСПО 2027, што ќе биде уште еден важен чекор за подобрување на меѓусебните односи и промоција на регионот“, се наведува во соопштението.

На крајот од средбата беше заклучено дека двете страни ќе се фокусираат на реализација на конкретни проекти и иницијативи, со цел понатамошна интеграција и подобрување на односите меѓу Србија и Македонија, што ќе придонесе за регионалната стабилност и просперитет.

По средбата со Брнабиќ, македонската делегација предводена од вицепремиерот Стоилковиќ имаше средба и со минстерот за внатрешна и надворепна трговија Томислав Момировиќ, на која е потврден заклуќокот дека меѓу двете држави нема отврени прашања и дека фокусот треба да се стави на економијата.

Од страната на Владата на Србија уште еднаш се потенцираше поддршката за учеството на Македонија на ЕКСПО 2027. Исто така, министерот Момировиќ ја иницираше потребата од средба на стопанските комори на двете земји како приоритет во блиска иднина, што беше потврдено и од наша страна.

Поврзани содржини