Принцот Џорџ повеќе нема да го гледаме во јавноста: Палатата го повлече по страшните коментари на социјалните мрежи
Малиот принц Џорџ ги освои срцата на Англичаните кога во неделата се појави на финалниот натпревар на Европското првенство.
Малиот принц многу се радуваше на првиот гол, ги прегрнуваше своите родители и скокаше, а крајот на натпреварот и поразот на Англија му го скрши срцето.
Иако стекна милиони обожаватели заради неговите искрени емоции, момчето во моментов се соочува и со жестоки критики на социјалните мрежи и исмејување затоа што на натпреварот бил во костум.
Роберт Џобсон, експерт за кралското семејство, верува дека палатата привремено ќе го тргне малиот принц од јавноста поради троловите кои го исмеваат, со цел да го заштити.
На социјалните мрежи има многу навредливи коментари со омраза за седумгодишното дете.
„Се надевам дека со солзи ќе ја натопи оваа вратоврска“, „Ова дете треба да биде злоставувано, само така ќе напредува“ и слични коментари се појавија на интернет.
Коментарите ја згрозија британската јавност.