ПРИНЦОТ ХАРИ САКАЛ ДА ГО ЗЕМЕ ПРЕЗИМЕТО НА МАЈКА СИ „Подобро немој“, му рекол чичко му

Близок пријател на принцот Хари изјави за „Дејли мејл“ дека војводата размислува за таков потег, со кој би се отфрлило презимето Маунтбатен-Виндзор кое го носи кралското семејство.

1,142

Принцот Хари наводно побарал совет од својот чичко и брат на принцезата Дајана, грофот Чарлс Спенсер, во текот на посетата на Велика Британија во врска со промената на неговото сегашно презиме во Спенсер, но на војводата од Сасекс наводно му било кажано дека правната страна на таквата промена би била доста комплицирана, пишуваат британските медиуми.

Близок пријател на принцот Хари изјави за „Дејли мејл“ дека војводата размислува за таков потег, со кој би се отфрлило презимето Маунтбатен-Виндзор кое го носи кралското семејство, а го користат и неговите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет. Употребата на тоа презиме за децата на принцот Хари и Меган Маркл претставува важен чекор во зачувувањето на семејната традиција.






Маунтбатен-Виндзор е комбинација од презимето на кралското семејство Виндзор и презимето на војводата од Единбург и е презиме на потомците на покојната кралица Елизабета и принцот Филип, кое Маунтбатен го презел кога станал британски државјанин и се откажал од своите грчки и дански кралски титули во 1947 година.

Мајката на Хари, принцезата Дајана, потекнува од семејството Спенсер, а Хари размислувал за можноста да го земе нејзиното моминско презиме за да и оддаде почит, пишуваат медиумите. Тој разговарал за ова со својот чичко, грофот Спенсер, во текот на неговата неодамнешна посета на Велика Британија. Британските медиуми пишуваат дека тој му предложил да се откаже од него поради разни правни пречки.

Но, уште од венчавката на Хари и Меган во 2018 година, кралското семејство постојано се соочувало со проблеми во врска со имињата и титулите.

Хари и Меган станаа војвода и војвотка од Сасекс кога покојната кралица им даде нови титули по нивната венчавка. Хари претходно ја имаше титулата принц Хенри од Велс, но на денот на својата венчавка стана војвода од Сасекс. Титулата последен пат беше употребена во 1843 година. По венчавката и Меган стана војвотка од Сасекс.

Сепак, таа во повеќе наврати инсистираше на тоа дека таа е војвотка од Сасекс, дури и во една епизода на Нетфликс ја поправи својата пријателка Минди Калинг која ја нарекуваше со презимето Маркл, иако и таа и Хари одамна се повлекоа од официјалните улоги во кралското семејство.

 

Поврзани содржини