Принцот Хари (36) пред да дојде во Велика Британија од Америка, на последното испраќање на саканиот дедо, принцот Филип, му испратил писмо на својот татко принцот Чарлс (72), во кое се обидел да го подобри нивниот нарушен однос поради шокантното интервју со Опра Винфри.
Воочи својата прва средба со семејството, Хари во писмото си ја отворил душата, но принцот Чарлс и покрај тоа останал длабоко повреден од потегот на својот син додека неговиот сега починат дедо во болница се борел за живот, пишува „Дејли мејл“.
„Семејството непосредно пред погребот на принцот Филип постигнало неизречен одговор да задржат за себе сè што имаат да си кажат еден на друг и да се фокусираат на кралицата на која што по смртта на својот сопруг ѝ е потребна само поддршка“, навел изворот.
„Хари не очекуваше дека сè веднаш треба да се врати на старо, но откако го виде семјеството се чувствува како да мора уште многу да работат на нивните односи“, додал тој.
Иако Хари по погребот бил „уловен“ како разговара со својот брат Вилијам, сепак и нивниот однос сè уште е ладен поради тешките обвиненија против кралското семејство изнесени во интервјуто кај Опра.
Да ве потсетиме, Хари на водителката ѝ рече дека смета дека неговиот брат и татко се „заробени“ во палатата и дека не можат само да си заминат како што тоа го направи тој, а токму тоа ги разбеснило нив.