ПРИНЦОТ ХАРИ ИЗГУБИ СПОР ОД 500.000 ФУНТИ Еве што ќе мора да прави во иднина кога ќе дојде во Велика Британија
Само минатата година принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл платија два милиони фунти за приватно обезбедување.
Британскиот принц Хари ќе мора да плаќа за приватно обезбедување при посетите на Велика Британија, откако го загуби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи околу полициската заштита.
Како што пренесува „Дејли мејл“, неговата правна битка ги чинела даночните обврзници повеќе од 500.000 фунти.
Само минатата година принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл платиле два милиони фунти за приватно обезбедување.
Консултантот за безбедност Сајмон Морган, кој е и поранешен офицер за кралска заштита, рекол дека принцот Хари нема полициска заштита во Велика Британија или САД и дека ќе продолжи да плаќа за приватно обезбедување.
Војводата од Сасекс лани поднесе тужба против министерството поради укинување на полициската заштита, а изгубениот спор ги чинеше граѓаните на Велика Британија 500.000 фунти.
Морган додава и дека постојат докази дека Хари почнал да ужива дел од својата стара кралска заштита благодарение на кралот Чарлс Трети.
Хари (39) тврди дека одлуката на Извршниот комитет за заштита на правата и јавните личности на Министерството за внатрешни работи, познат како Равец, е неправедна и дека ја загрозувала неговата и безбедноста на неговото семејство, додека неговите адвокати сметаат дека тој бил „издвоен“ и третиран понеповолно од другите ВИП личности.
Од друга страна, министерството навело дека Британија има „ограничени јавни ресурси“ и дека полициската заштита треба да биде ограничена на оние „кои дејствуваат во интерес на државата преку својата јавна улога“.
Судија на Високиот суд заклучил дека одлуката да се укине неговата деноноќна полициска заштита финансирана од даночните обврзници и наместо тоа да се преиспитаат неговите безбедносни потреби од случај до случај, е законска, и го отфрли неговиот случај.