ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС, ПРВАТА ДАМА НА САД И „ТАЈНАТА ВЕРВЕРИЦА“ Oткриена е тајната мисија на Кејт Мидлтон и Меланија Трамп

Претседателот Доналд Трамп и првата дама ја продолжуваат својата државна посета на Велика Британија, додека Меланија е на средба „еден на еден“ со принцезата Кејт

374

Вториот ден од државната посета на претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија на Обединетото Кралство е обележан со посебна средба: принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ќе одвои време за дружење „еден на еден“ со американската прва дама.

Принцезата и првата дама на Америка Меланија Трамп ќе уживаат во приватна средба во Фрогмор Гарденс, имот од 33 хектари во рамките на замокот Виндзор.






Тука Кејт и Меланија ќе ја преземат мисијата „тајна верверица“, која вклучува средба со Двејн Филдс, главниот извидник на Здружението на извидници, чиј покровител е принцезата.

 

Целта на средбата е да се воведе програмата за извидување „Верверици“, во која децата можат да заработат значка за природата преку разни задачи и активности на отворено.

Денот претходно, Трампови беа официјално пречекани во замокот Виндзор од принцот Вилијам и принцезата Катерина, по што имаа можност да се сретнат со кралот и кралицата. Следеше поворка со кочии низ имотот, придружувана од коњаничката гарда Household Cavalry Mounted Regiment.

Вечерта, во салата „Сент Џорџ“ се одржа државен банкет во чест на претседателот и првата дама. За време на своето обраќање, кралот ги нагласил нераскинливите врски меѓу двете земји:

– Овој уникатен и значаен момент ја одразува трајната врска меѓу нашите големи нации. Закотвен во длабокото пријателство на нашите народи, овој однос – со право нарекуван „посебен“ со генерации наназад – нè направи побезбедни и посилни со текот на времето.

Трамп, од друга страна, рекол дека посетата е една од најголемите почести во неговиот живот и дека има „огромно почитување“ кон кралот и Обединетото Кралство.

– Со децении, Неговото Височество ја олицетворуваше силата, благородноста и духот на британската монархија и британскиот народ – рекол претседателот, а потоа се пошегувал дека е импресиониран што кралот ги знае имињата на сите 150 луѓе со кои се ракувал тој ден: „Некои имаа навистина чудни имиња како „XYZ-Q3“, а тој ги знаеше сите – или барем така изгледаше, бидејќи никој не се пожали.“

Кралот и кралицата подготвиле и специјални подароци за своите американски гости. Претседателот добил рачно поврзана кожна книга, изработена за одбележувањето на 250-годишнината од Декларацијата за независност, како и знамето на Обединетото Кралство што се вееше над Бакингемската палата на денот на неговото инаугуративно обраќање.

На првата дама Меланија ѝ била подарена сребрена емајлирана чинија, дело на уметницата Кара Марфи, како и персонализирана чанта од британската дизајнерка Ања Хиндмарч.

Поврзани содржини