Принц Чарлс го откри омилениот рецепт за појадок: Печени јајца во рерна на кралски начин ФОТО

964

Принцот Чарлс откри рецепт за неговиот омилен појадок на социјалните мрежи – пржени јајца со британско сирење, пишува „Фокс њуз“.

Принцот Чарлс го сподели рецептот за неговиот омилен утрински оброк по повод онлајн фестивалот посветен на британското сирење и индустријата за сирење во таа земја, која беше погодена со кризата поради пандемијата на коронаравирус.






Куќа „Клеренс“ го објавила рецептот за печените јајца со сирење.

– Една од работите кои несомнено ни причинуваат огромно задоволство е добрата храна. Затоа е доста загрижувачки тоа што, поради пандемијата, во опасност е една од најголемите радости во животот – британското сирење, рече принцот Чарлс.

Неговиот омилен утрински оброк содржи:

100 грама спанаќ

еден мал домат

35 грама меко сирење

едно јајце

80 грама милерам-павлака

15 грама рендано тврдо сирење

свеж босилек

Се пече во загреана рерна на 180 степени, од осум до 10 минути.

Поврзани содржини
na