ПРИЛЕПЧАНЕЦ СЕ ШЕТАЛ СО ГРАНАТА НИЗ БИТОЛА Полицијата го уапсила на Широк Сокак
Како што е наведено во полицискиот билтен, гранатата била предадена во Дирекцијата за заштиата и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 09.45 часот на најпознатата битолска улица Широк Сокак, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола привеле 53-годишно лице од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).