ПРИЛЕПЧАНЕЦ Е НОВ МИЛИОНЕР Дејан Долгоски освои 1,3 милиони денари

Во 2021 година 134 играчи станале милионери благодарение на освоената „Милионер џек пот“ добивка. Тие заедно во 2021 година освоиле 202.277.991 денари.

431

Новиот милионер на Видеолотарија Касинос Австрија е доказ дека среќата ја привлекуваат позитивните луѓе. Најновиот член во семејството среќни добитници на „Милионер џек пот“ на е Долгоски Дејан од Прилеп. Тој додаде уште една добивка во својата плодна „кариера“ и со широка насмевка ја сподели својата приказна.

– Дејан е побогат за 1.336.670 денари, откако на 17 јануари стана добитник на „Милионер џек пот“. Кога дојде во Скопје да ја потврди својата добивка беше пресреќен и призна дека, едноставно, има среќа и дека ова не е прва ваква добивка. Во блиското минато, во Германија освоил околу 16 илјади евра на игри на среќа. Сега работи како автомеханичар и веќе е извесно дека парите ќе ги потроши за да купи нов автомобил. Не пропушти да го спомне и својот татко, кој му донел среќа, бидејќи заедно играле во објектот на „Евротип“, во Прилеп – велат од Видеолотарија.






Оттаму потсетуваат дека во 2021 година 134 играчи станале милионери благодарение на освоената „Милионер џек пот“ добивка. Тие заедно во 2021 година освоиле 202.277.991 денари.

Поврзани содржини