ПРИКЛУЧИ СЕ ИЛИ САМО ОСТАНИ! Новиот А1 Combo пакет нуди 50% попуст на претплатата цела година
Со додавање мобилни линии во пакетот корисниците добиваат можност за избор на Samsung Smart или Philips Smart телевизор за 199 денари месечнa рата.
Најдобра комбинација која овозможува 50% попуст на месечна претплата за интернет и ТВ во првите 12 месеци им нуди на корисници А1 Македонија како дел од збогатената понуда во A1 Combo.
А1 нуди мобилни услуги, интернет и телевизија на фиксна локација по најповолни услови.
Со најновата A1 Combo понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го продолжат постоечкиот договор, имаат единствена можност да добијат А1 Combo со супербрз интернет и можност за следење на ТВ канали преку интерактивната телевизија од новата генерација А1 Xplore TV со најквалитетна ТВ слика со неверојатен попуст од 50% на месечната претплата и тоа за цели 12 месеци. Дополнително, со додавање мобилни линии во пакетот корисниците добиваат можност за избор на Samsung Smart или Philips Smart телевизор за 199 денари месечнa рата.
– Посветено креираме продукти со кои ги пресретнуваме потребите на корисниците за неограничена комуникација и ја лансираме несомнено најдобрата досега A1 Combo понуда преку која ги реализираме ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација преку најсовремена мрежа со најповолни услови. Нудиме можност корисниците да заштедат и да добијат уште повеќе комуникација и повеќе забава за своето семејство. Уште еднаш преку новата понуда ја демонстрираме нашата посветеност кон реализирање на стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за нашите корисници – изјави Методја Мирчев, извршен директор во А1 Македонија.