ПРИКАЗНА ОД СИТИ МОЛ ВО СКОПЈЕ Сертификатов може е од татко ми!
Забраната од денеска се спроведува и во скопските молови, па така на Твитер попладнево се споделува едно сведоштво, кое прилега на виц од македонското секојдневие.
Не стивнуваат реакциите и незадоволството на граѓаните, откако власта реши да забрани влегување во простории без сертификат за вакцина или за прележан ковид. Оваа забрана од денеска се спроведува и во скопските молови, па така на Твитер попладнево се споделува едно сведоштво, кое прилега на виц од македонското секојдневие.
Твитерџијата што ја објавил приказната вели дека се случила денеска во Сити Мол:
На дечко му бараат сертификат за вакцинација:
– Еве ти сертификат.
– А лична карта треба?
– Не.
– Па сертификатов може да е од татко ми.
– Не знам јас, ми рекоа само сертификати да проверувам.
– Хаха, добро.
– А ти вакциниран си?
– Не, јас не се вакцинирам…
Телма, исто така објави искуство на родител на малолетно момче кое денеска не било пуштено во два мол-трговски центри во Скопје бидејќи редарите му барале сертификат за вакцинација. Таткото на момчето изјавил дека неговиот син е малолетен и не е вакциниран, ниту пак е прележан, а во трговскиот центар биле за да купат патики и други потребни работи за претстојната учебна година.