ГОТВАЧОТ НА ПУТИН СО КРВАВ ПОДАРОК ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ Лидерот на Вагнер „со чекан“ удри по резолуцијата за воени злосторства (ВИДЕО)

Новото видео и крвавиот чекан всушност се потсетување на уште едно видео кое се појави овој месец, а на кое дезертер од групата „Вагнер“ е претепан до смрт со чекан откако бил фатен. Пригожин првично го пофали наводното убиство, но подоцна ја негираше вмешаноста на „Вагнер“ и ги обвини американските тајни служби, иако тој не даде докази за нивната наводна вмешаност.

1,296

Евгениј Пригожин, наречен и готвачот на Путин, финансиер на групата „Вагнер“ поврзана со Кремљ испрати чекан да биде доставен до Европскиот парламент како мрачен потсетник за убиството на Русин во војната во Украина. Во видеото кое се рашири по интернет се гледа како соработник на Пригожин во кутија за виолина доставува чекан на чие сечило се напишани зборовите „PMC Wagner“ и нацртани се вештачки дамки од крв, пишува Јутарни.

Заканувачкиот гест на Евгениј Пригожин дојде додека Европскиот парламент се подготвуваше да ја осуди групата на „Вагнер“ во необврзувачка резолуција, откако таа вчера ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“.

 






Новото видео и крвавиот чекан всушност се потсетување на уште едно видео кое се појави овој месец, а на кое дезертер од групата „Вагнер“ е претепан до смрт со чекан откако бил фатен. Пригожин првично го пофали наводното убиство, но подоцна ја негираше вмешаноста на „Вагнер“ и ги обвини американските тајни служби, иако тој не даде докази за нивната наводна вмешаност.

Инаку, лицето кое е снимено како го предава чеканот во Европскиот парламент е адвокатот на „Вагнер“, Игор Јелисеев.

Европскиот парламент во четврток ќе гласа за резолуција со која ќе се осудат „гнасните злосторства“ извршени од Вагнер и ќе се повика Русија да ги повлече членовите на оваа група од источна Украина и од анектираниот Крим.

Во меѓувреме, веб-страницата на Европскиот парламент беше погодена од сајбер напад за кој одговорноста ја презедоа проруските хакери во средата, непосредно по резолуцијата со која Русија беше прогласена за „држава-спонзор на тероризмот“.

Рускиот комесар за човекови права рече дека истражните органи ја потврдуваат автентичноста на видеото кое го прикажува бруталното убиство на дезертерот на „Вагнер“, поранешен затвореник регрутиран во приватната војска на Пригожин.

Да потсетиме дека Пригожин беше снимен летово како лично регрутира затвореници низ Русија за да се приклучат во редовите на Вагнер за да се борат во Украина. Тој призна дека ја основал групата на Вагнер во септември 2014 година, откако со години негираше каква било поврзаност со мистериозната платеничка организација.

Поврзани содржини