ПРИГОВАРАЛЕ И ЛИЦА КОИ ВЕЌЕ СЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК Отфрлени уште четири приговори за заштита на лично избирачко право

Претседателот на ДИК информира дека 147. седница ќе биде отворена до утре, кога ќе информираат дали се пристигнати уште приговори за заштита на лично избирачко правo. 

155

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на продолжението на 147. седница отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко рече дека овие лица на кои ќе им биде прифатен приговор со себе задолжително да го носат решението на избирачко место за да им биде овозможено да гласаат.






Членот на ДИК Ангелчо Ристов апелираше до граѓаните кои сакаат да гласаат утре да се проверат во избирачкиот список јавно достапен на страната на ДИК и во Општинската изборна комисија.

Тој посочи дека голем број од приговорите кои се поднесени за заштита на лично избирачко право се поднесени од граѓани кои веќе се запишани во избирачкиот список и со  вакви дејствија службата, како што рече, непсоредно пред одржувањето на изборите е фокусирана на постапување по приговори од лица кои веќе се запишани во избирачки список.

Членовите на ДИК на седницата едногласно одобрија уште едно барање за издавање акредитација за набљудување на изборите за еден меѓународен набљудувач од организацијата „Београдски форум за свет рамноправних“.

Од ДИК потсетија дека сите акредитирани набљудувачи, домашни и сите учесници во постапката се должни да ги носат своите беџови кои ги имаат за лична идентификација и при вршењето на своите функции како набљудувачи задолжително да го почитуваат Кодексот од правилата на набљудување на изборите и изборната постапка, кој го има донесено ДИК.

Членовите на ДИК ја изгласаа и одлуката за доделување авансни средства за вработените во ДИК кои се ангажирани за враќање на доверливиот материјал, тоа се уредите за биометриска идентификација на гласачите. 

Претседателот на ДИК Кондарко информира дека 147. седница ќе биде отворена до утре, кога ќе информираат дали се пристигнати уште приговори за заштита на лично избирачко правo

Поврзани содржини