ПРИ ПРЕТРЕС МУ НАШЛЕ 19 ПТИЦИ ОД ЗАШТИТЕНИ ВИДОВИ Прилепчанец ќе одговара за лов на трнани и цајзли
Птиците се предадени во Државен инспекторат за шумарство и ловство, а против лицето ќе биде покрената кривична пријава, инвормира МВР во билтенот.
Поради сомнение за сторено кривично дело „убивање или уништување на заштитни видови на дива флора или фауна”, казниво по член 232 од Кривичниот законик, а по наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп вчера извршиле претрес во домот на Н.З.(60) во Прилеп.
Пронајдени биле 19 птици од сортата трнан и цајзли, кои биле предадени во Државен инспекторат за шумарство и ловство на РСМ. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.