ПРИЈАВЕТЕ ПОСКАПУВАЊЕ НА 191 Ако рипнат замрзнaтите цени, кревајте телефон!

На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, напиша на својот Фејсбук профил министерот Бектеши.

155

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.

На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, напиша на својот Фејсбук профил министерот Бектеши.






Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.

Оваа одлука, како што напиша министерот Бектеши, ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Поврзани содржини