ПРИЈАВЕНО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВАРДАР КАЈ ГОСТИВАР Водата во реката е исклучително темна
Општинските инспекциски служби велат дека веднаш започнале проверки за да ја утврдат состојбата и да преземат соодветни мерки за заштита.
Граѓани од Гостивар денеска пријавија можно загадување на реката Вардар, доставувајќи фотографии кои укажуваат на нарушување на квалитетот на водата.
Општинските инспекциски служби веднаш започнаа проверки за да ја утврдат состојбата и да преземат соодветни мерки за заштита на реката, која се смета за едно од најголемите природни богатства на градот.
„Реката Вардар е симбол на нашиот град и заедничка вредност што ни припаѓа на сите. Нема да дозволиме нејзино загадување и деградација од ничија неодговорност. Секое прекршување ќе биде санкционирано без компромис“, истакнаа од Општина Гостивар во објава на Фејсбук.