📷 ПРИЈАТЕЛСКА РАЗДЕЛБА Еве што одговори Иванишевиќ на објавата од Ѓоковиќ

Откриена причината за прекинот на шестгодишната соработка на Новак Ѓоковиќ со Горан Иванишевиќ во текот на која српскиот тенисер освои 9 грен-слем титули и стана најуспешен во тениската историја.

1,913

Новак Ѓоковиќ денеска објави дека ја прекинува соработката со својот тренер, прославениот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ. Првиот светски рекет на пријателски начин се збогува со својот тренер најгласувајќи дека тие ќе останат пријатели.

Иванишевиќ ја сподели објавата на Ѓоковиќ и додаде два емотикони, срце и споени раце во знак на благодарност.






Иванишевиќ 6 години му беше тренер на Ѓоковиќ  и му помогна на српскиот тенисер да стигне до најголемиот успех. Со негова помош првиот светски рекет освои уште 9 грен слем титули и стана апсолутен рекордер во историјата на тенисот. Но лошиот старт на 2024-та година сепак резултираше со прекин на соработката.

Првите разговори за можен прекин на соработката, според српските медиуми, се случиле по завршниот Мастерс во Торино минатата година. Размислувањата за промена во стручниот тим на најдобриот светски тенисер продолжиле и за време на Австралија опен, каде Јаник Синер го исфрли Ѓоковиќ во полуфиналето и го освои Грен слемот. После тоа, Ѓоковиќ беше елиминиран во третото коло на Индијан Велс.

Курир.рс смета дека прекинот е поради насобраниот замор на Иванишевиќ од напорниот режим на Ѓоковиќ. Иванишевиќ често ја истакнуваше работната етика на Ѓоковиќ како исклучителна и велеше дека посветеноста за постојан напредок во играта е постојан императив.

Ѓоковиќ се стреми кон својата 25. Грен слем титула и олимписко злато во Париз оваа година. Затоа, 2024 година ја смета за една од најважните во кариерата и сака се да му функционира беспрекорно. Поранешниот српски тенисер Ненад Зимоњиќ треба привремено да го замени Иванишевиќ, но засега сè уште не се знае кој трајно ќе го замени легендарниот хрватски тенисер.

Поврзани содржини