ПРЕЖИВЕАЛЕ СИЛЕН СТРЕС Преживеаните во пожарот во Тетово ги прегледале психијатри
За 24 часа нема починати од ковид-19, додека има нови пет луѓе кои се примени на болничко лекување како и 75 амбулантски прегледи
Дванаесетте пациенти кои го преживеаја пожарот во ковид центарот во Тетово биле прегледани од психијатри и сега се во релативно добра состојба, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот ковид центар.
– Тие се пациенти кои биле трауматизирани од психолошка природа и биле прегледани од психијатар и биле констатирано дека се работи за стрес ситуација која тие ја преживеаја. И сите се во релативно добра состојба, сите се на кислородна поддршка. Очекуваме идните денови да бидат подобро и да бидат пуштени дома – рече Нуредини.
За 24 часа нема починати од ковид-19, додека има нови пет луѓе кои се примени на болничко лекување како и 75 амбулантски прегледи.