ПРЕЖИВЕАЛ ВО ДЕЛОТ КАЈ АВИОНСКОТО ТРКАЛО Слеп патник 11 часа летал до Амстердам

Многу е невообичаено што преживеал поради студот и слабиот кислород на големите височини. Возраста и националноста на мажот сè уште не се утврдени, велат од полицијата.

342

Холандската полиција соопшти дека пронашла жив слеп патник во делот на авионот каде што се наоѓа тркалото, а кој слетал на аеродром во Амстердам патувајќи од Јужна Африка. Летовите од Јоханесбург до Амстердам траат околу 11 часа, а се претпоставува дека товарниот авион имал едно застанување, во Кенија, пишува Би-Би-Си.

– Човекот е пронајден жив во предниот дел на авионот и е пренесен во болница во стабилна состојба. Неверојатно е што човекот е сè уште жив – изјави Џоана Хелмондс, портпаролка на холандската кралска воена полиција.






Многу е невообичаено што преживеал поради студот и слабиот кислород на големите височини. Возраста и националноста на мажот сè уште не се утврдени, велат од полицијата. Според холандската телевизија НОС, мажот имал треска и додека пристигнала брзата помош, тој можел да одговори на основните прашања.

Поврзани содржини