Презервативи

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

145

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 22.04.2002 година)

Го зна­е­те она „Их! ба­те Митре! Ка’ ме кан­диса!”. Или мо­же­би слу­чај­но не го зна­ете: ед­но лу­до мла­до шо­фер­че во­зе­ло не­ко­ја мла­да не­вес­та (на која, па­тем, тоа мно­гу ѝ се до­па­ѓало) од Би­то­ла до Ре­сен, по ста­ри­от пат, се раз­бира. Кај Ѓа­ва­то зас­та­на­ле да здив­нат, да по­се­дат во де­бе­ли­те сенки, да се на­пи­јат лад­на вода. Не­вес­та­та за се­то вре­ме си мис­ле­ла са­мо на едно: ќе му тек­не ли на ова убаво, та пре­у­ба­во мом­че да ѝ се џит­не в прег­ратка. А не­му ни­ка­ко да му текне: не­вес­та­та му би­ла со­сетка, а неј­зи­ни­от маж – прв дру­гар. Се­де­ле што се­деле, а ко­га за­ус­тил да пред­ло­жи да про­дол­жат со па­тот, са­мо што из­го­во­рил: „Ајде, не­весте…”, ту­ку оваа му скок­на­ла во прег­ратка, „пре­ко­ру­вај­ќи го”: „Их, да не пук­неш, ба­те Митре, ка’ ме кан­диса!”.






Та­ка не­ка­ко из­ле­зе и со мо­е­то вра­ќа­ње на стра­ни­ци­те од ДНЕВ­НИК: ми се ја­ви по те­ле­фон „ба­те Митре” (г. Ге­ров­ски) и уш­те не го дов­рши пред­ло­гот, а јас ве­ќе при­фа­тив. Од со­се­ма дру­ги по­буди, се раз­бира! (Без ог­лед на г. Ан­дов и Ге­ор­ги­ев­ски, из­бори, из­гле­да ќе мо­ра да има, а ко­лум­ни­те се мош­не до­бар на­чин да се до­сег­не до оние 60% од ма­ке­дон­ско­то гла­са­ча­ко те­ло што се­ри­оз­но се мис­ли да­ли во­оп­што да из­ле­зе на тие из­бори.)

И така, еве ме на­зад, ми­ли мои (што би ре­кол „об­ви­не­тиот” Да­на­и­лов-Фрчкоски!). Со тоа што јас не­ма вед­наш да поч­нам да ви го ми­јам мо­зо­кот од љу­бов­та спре­ма СД­СМ или ВМРО-то ни. Ба­рем не ди­рек­тно! Зашто, за што и да се фа­ти чо­век во жал­на Ма­ке­до­ни­ја сѐ на крај се све­ду­ва на “зас­лу­гите” на спо­ме­на­ти­ве суб­јекти.

Зе­ме­те го, да ре­чеме, ОК­ТО­ПО­ДОТ на Бра­не од­нос­но КО­РУП­ЦИ­ЈА­ТА на ЉуБчо. Пр­ви­от ѝ бе­ше кум (а не­го­ва­та пар­ти­ја тво­рец), вто­ри­от (УЧЕ­НИ­КОТ НА ЃА­ВО­ЛОТ!) да­леку, да­ле­ку си го над­ми­на учи­те­лот. И сега, ка­ко и првиот, на вре­мето, и вто­ри­ов “се оби­дува” да во­ју­ва про­тив зло­то што ина­ку фе­но­ме­нал­но го прак­ти­цира! Де но­си за­ко­ни про­тив пе­ре­ње­то пари, де ан­ти­ко­руп­цис­ки за­кони! Ми­жи Асан да ти баам!

Пред не­кое вре­ме ме по­се­ти еден фин џентл­мен од Ме­ѓу­на­род­на­та криз­на гру­па (МКГ). Си пра­вев­ме му­а­бет, ка­ко што дал Гос­под и туку, во еден мо­мент, чо­ве­кот ме пра­шу­ва што сум мис­лел јас за иде­ја­та на МКГ (од вре­ме­то на до­на­тор­ска­та кон­фе­ренција), Ев­роп­ска­та Уни­ја да ѝ оп­ре­де­ле­ла ан­ти­ко­руп­цис­ки со­вет­ник на ма­ке­дон­ска­та влада. „Не ме бен­ди­су­ва таа идеја”, од­го­во­рив ка­ко од пушка, а гос­ти­нот, из­не­на­ден, за ма­лу ќе се засркне­ше од ка­фето.

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини