Преврските на пациентите со вештачко срце на товар на Фондот за здравство

196

Редовните преврски на пациентите кои се со вградено вештачко срце (механичка циркулаторна потпора на работата на срцето) отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Во подготовка се уште два пакета – замена на опремата и набавките на ИНР ленти и апаратчиња за одредување на коагулацискиот статус кај пациентите.

– Од директорот на ФЗО, Миле Сугарев, денеска добивме официјална информација дека на седницата на управниот одбор од ФЗО е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три) во делот за покривање на трошоците за материјалите за редовните неделни преврски на пациентите да бидат на терет на ФЗО за кои пациентите досега изделуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство – информираа денеска од Здружението „Храбро срце“.






Оттаму додаваат дека овој документ бил доставен до министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче за потпис, а по чие објавување во Службен весник, ќе стапи на сила.

– Од ФЗО добивме информација дека во најкраток временски рок, Управниот одбор на ФЗО ќе ги усвои и одобри и преостанатите два пакета на нашето Здружение, а се однесуваат на замена на опремата како и на набавките на ИНР ленти и апаратчиња за одредување на коагулацискиот статус на крвта на пациентите – велат од Здружението „Храбро срце“.

Поврзани содржини