Претставникот на Русија во ЕУ: Многумина нѐ би биле на светската мапа да не беше СССР

Чижов особено посочи дека обидите за промена на историјата на Втората светска војна постојат веќе неколку децении и со текот на времето се зајакнуваат и се претвораат во насочена кампања.

942

Многу европски земји, кои денес ги рушат меморијалните центри подигнати во чест на победничките советски воини од Втората светска војна, не би ни постоеле на светската мапа да не беше одлучувачкиот придонес на СССР во победата против нацизмот, рече постојаниот претставник на Руската Федерација во ЕУ, Владимир Чижов на семинар по повод 80-годишнината од нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз.

Тој особено посочи дека обидите за промена на историјата на Втората светска војна постојат веќе неколку децении и со текот на времето се зајакнуваат и се претвораат во насочена кампања.






– Откако станав постојан претставник на Русија во ЕУ во 2005 година, јас бев принуден да бидам присутен, да гледам и да слушам обиди за препишување, препишување на историјата на Втората светска војна и оспорување на одлучувачкиот придонес на Советскиот сојуз за ослободување на Европа од нацизмот. Ревизионистичките аспирации на некои европски земји, не и најголемите и највлијателните, пораснаа пред моите очи и станаа сè поуспешни и насочени кампањи – рече Чижов.

Тој предупреди дека несовесните постапки или намерното нарушување на историските факти создаваат атмосфера на толеранција кон бесрамна нацистичка пропаганда и идеи, но потсети дека тоа се случува во многу земји на ЕУ, но и во некои поранешни советски држави, вклучително и во Украина.

Чижов рече дека тоа претставува закана за основните принципи на демократијата и човековите права, дека го навредува споменот на милиони жртви од Втората светска војна, борци кои ги положија своите животи за да ја ослободат Европа од нацизмот.

– Во 2020 година Русија во својот Устав ја зацементираше заштитата на историската вистина за татковината, вклучително и периодот од Втората светска војна, и им ветувам на сите дека ќе продолжиме да го браниме споменот за големата победа на нашите предци – рече Чижов во своето обраќање пред учесниците на семинарот.

Поврзани содржини