ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО Е ВО СТАБИЛНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА Гаши останува во болница, проблемите со цревата ќе се третираат со лекови, соопшти Министерството за здравство
На претседателот на Собранието му е утврдена интестинална опструкција на тенко црево. Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување, соопшти Министерството за здравство.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство.
„Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија, со болки во стомакот. Веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево. Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување“, соопшти Министерството за здравство.
Утрово директорот на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Огнен Костовски, потврди дека синоќа, нешто по полноќ, кај нив е примен претседателот на Собранието, Гаши, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.
– Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно. Пациентот е под постојан лекарски надзор – изјавил д-р Костовски.