📷 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦРНА ГОРА ПРЕЧЕКАН СО НАЈВИСОКИ ПОЧЕСТИ Сиљановска-Давкова и Јаков Милатовиќ ќе потпишат договор за соработка
Претседателот Милатовиќ утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек се одржаа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Во рамките на официјалната посета беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Утре Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.







