ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДИМИТРОВСКА НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ НА АНТИКОРУПЦИСКА Комисијата ќе функционира редовно и ќе соработува со надлежните органи

Од ОЈО ГОКК објаснуваат дека мерката забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело значи дека Димитровска не смее да има контакт со предмети, пошта и со друга документација поврзана со работењето на Антикорупциската комисија. Исто така, таа не може да гласа и да распределува предмети.

101

По кривичната пријава за претседателката Татјана Димитровска, Антикорупциската комисија соопшти дека продолжува со редовното функционирање.

„Во врска со актуелните случувања, ве информираме дека Државната комисија за спречување на корупцијата во рамки на своите надлежности, продолжува да функционира редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи“, соопшти Комисијата.






Кривичниот суд на Димировска ѝ изрече мерки, по пријавата од ОЈО ГОКК за издавање службена тајна, во проширената истрага за предметот „Адитив“. Мерките се привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.

Од ОЈО ГОКК објаснуваат дека мерката забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело значи дека Димитровска не смее да има контакт со предмети, пошта и со друга документација поврзана со работењето на Антикорупциската комисија. Исто така, таа не може да гласа и да распределува предмети.

Поврзани содржини