ПРЕТПЛАДНЕ ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР Нѐ очекува нестабилно време

Според прогнозата, поради зголемената нестабилност во атмосферата, на одделни места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

1

Времето во понеделник претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, поради зголемената нестабилност во атмосферата, на одделни места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

Facebook/UHMR

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината ќе постојат услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови.

Во текот на новата седмица ќе продолжи периодот на топло време. Претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви, додека попладне повторно се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Facebook/UHMR

Метеоролозите предупредуваат дека поради големата енергија во атмосферата, на одредени места се можни поинтензивни временски процеси со пообилен пороен дожд, силни грмежи и појава на град.






Поврзани содржини