ПРЕТЕПАЛЕ ВЕЌЕ ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ Полицајци осомничени за малтретирање при интервенција

Двајца припадници на интервентната полиција се осомничени дека при службена интервенција во Скопје нанеле повреди на лице лишено од слобода.

200

Двајца полицајци од Скопје се соочуваат со кривична пријава откако, според МВР, употребиле прекумерна сила врз приведено лице и му нанеле повреди за време на службена интервенција.

Од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР информираа дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против Д.С. и М.С., полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.






Според информациите, инцидентот се случил на 19 април годинава околу 03 часот, кога при вршење службени задачи, двајцата полицајци наводно примениле прекумерна физичка сила врз лице кое претходно било лишено од слобода.

Од МВР наведуваат дека на лицето му биле нанесени повреди, а случајот бил предмет на внатрешна истрага.

Покрај кривичната пријава, против двајцата полициски службеници ќе биде поведена и постапка за утврдување одговорност поради кршење на работната дисциплина.

Надлежното обвинителство треба да утврди дали и каква одговорност ќе сносат пријавените полицајци.

Поврзани содржини