ПРЕСВРТ ВО ЖЕНСКИОТ ТЕНИС Две непознати тинејџерки во финале на УС Опен
Ема Радукану (18) и Лејла Фернандез, која во понеделникот наполни 19 години ќе се борат за својата прва гренд слем титула.
Две тинејџерки ќе играат утре во финалето на Отвореното првенство на САД. Ема Радукану (18) и Лејла Фернандез, која во понеделникот наполни 19 години ќе се борат за својата прва гренд слем титула.
Радукану е прва британска гренд слем финалистка по 44 години откако ја совлада Гркинката Марија Сакари со 6:1, 6:4. Таа моментално е на 150 место на ВТА-листата, но се очекува да напредува до 32.

Од другата страна на мрежата ќе биде Канаѓанката Фернандез, која е 73. тенисерка на светот и која во полуфиналето ја совлада втората носителка Белорускинката Арина Сабаленка со 7:6, 4:6, 6:4. Фернандез претходно ги елиминираше Наоми Осака, Анџелик Кербер и петтата носителка Елина Свитолина.
Тинејџерско финале на УС Опен последен имаше во 1999 година кога Серена Вилијамс ја победи Мартина Хингис.