ПРЕСУДА ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Затворска казна за директорите Бесими и Етеми

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница, кој загинаа 14 лица, а правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно за предизвикување на општа опасност. Тие се осудени на 1 година и 6 месеци затвор.

366

Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот на Модуларната болница во Тетово.

Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари.






Судскиот процес се повтори, а обвинети беа двајцата директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година кога животот го загубија 14 луѓе.

Тогаш Етеми и Бесими како обвинети за тешки дела против општата сигурност ја добија истата казна, но условно.

Бесими по пресудата нагласи дека судскиот процес немал за цел да ги открие вистинските виновници за пожарот во модуларната болница:

– Од длабочините на мојата душа, изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Судењето немаше за цел да ја открие вистинската одговорност за пожарот во модуларната болница. Ова судење се претвори во судење против оние кои не беа виновни. Бев обвинет дека немам противпожарни апарати. Јас не го потпишав примо-предавањето на објектот и за ова сведочев на суд, но ова не беше земено предвид. Ова не е правда, туку отстапување од вистината – рече Бесими.

Поврзани содржини