Престижната награда „Златна копачка“ врачена на Чиро Имобиле

351

Престижната награда „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона денеска му беше врачена на напаѓачот на италијанскиот прволигаш Лацио, Чиро Имобиле.

– Ова е највисоката точка во мојата кариера. Кога ја гледам оваа награда добивам желба и одлучност да продолжам да ја освојувам – изјави Имобиле на свечената церемонија во салата „Џулио Чезаре“ во Рим.






Минатата сезона, 31-годишниот Имобиле постигна 37 прволигашки голови, со што го израмни рекордот според постигнати голови во една сезона во Серија А, и стана само третиот Италијанец, кој ја освоил „Златната копачка“, по Лука Тони, во 2006 година и Франческо Тоти една година подцна

Поврзани содржини