ПРЕСТАНА ДА РАБОТИ УШТЕ ЕДНА БОЛНИЦА ВО ГАЗА Дел од персоналот е уапсен
Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа. Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во Појасот Газа.
Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
– Болницата „Ал Ахли“ е вон функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на неколку припадници на медицински персонал – се вели во соопштението.
Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа. Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во Појасот Газа.