ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е НЕПРАВДА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ Илија Димовски вели дека мора да сопре наметнувањето услови
Преспанскиот договор е неправда за Македонците. Сто стапа по туѓ грб не болат. Со овој договор се негира и се подвојува идентитетот на македонскиот народ. Тоа е исто како некој да тврди дека Гегите и Тоските се два различни народи. Флоскулите дека одиме во НАТО и ЕУ се убави. Кога ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за ЕУ и НАТО , СДСМ беше за ТИТО, а ДУИ за Сталин. Немојте да создавате впечаток дека некој е против ЕУ и НАТО. Сите имаме заеднички став, треба да бидеме дел од ЕУ и НАТО, работата е како ќе го постигнеме тоа. Наметнувањето на услови, уцени и императиви треба да престане. Одговорноста кај власта е што 60%-70% не го прифаќаат францускиот предлог, рече Димовски.
ВМРО ДПМНЕ ќе се труди за клучните прашања да воспостави принцип на национален и државен консензус. Ова во вечерашната КЛАН дебата го порача Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ кој укажа на, според него, негативните страни на Преспанскиот договор.
– Преспанскиот договор е неправда за Македонците. Сто стапа по туѓ грб не болат. Со овој договор се негира и се подвојува идентитетот на македонскиот народ. Тоа е исто како некој да тврди дека Гегите и Тоските се два различни народи. Флоскулите дека одиме во НАТО и ЕУ се убави. Кога ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за ЕУ и НАТО , СДСМ беше за ТИТО, а ДУИ за Сталин. Немојте да создавате впечаток дека некој е против ЕУ и НАТО. Сите имаме заеднички став, треба да бидеме дел од ЕУ и НАТО, работата е како ќе го постигнеме тоа. Наметнувањето на услови, уцени и императиви треба да престане. Одговорноста кај власта е што 60%-70% не го прифаќаат францускиот предлог – рече Димовски.
Тврди дека мнозинството пратеници Македонци гласале против францускиот предлог во Собранието.
– Тој помина со мајоризација од малцинството, а во него немаше никакви точки и прашања кои се однесуваат на идентитетот, историското наследство, јазикот на Албанците.
– Не можеме да градиме соработка и разбирање во иднина ако тоа што го бараме за себе им го оневозможуваме на другите – додаде Димовски.
На ова му реплицираше заменик на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ која побара од него да го образложи планот како ВМРО-ДПМНЕ мисли да го ревидира Преспанскиот договор.
– Сакам да слушнам како ќе го ревидирате Преспанскиот договор? Кој е вашиот план бидејќи нигде во програмата го нема? Да не ги политизираме процесите како Преспанскиот договор и францускиот предлог. Многу процеси се донесени со гласови на сите заедници.Сите сме свесни дека преговарачката рамка не може да се менува -возврати Аврамовска Мадиќ.
Аналитичарот Сефер Селими оцени дека Преспанскиот договор бил добар и се покажало дека придобивките од него придонеле до тоа да денеска ние седиме на иста маса со САД рамноправни.
– Францускиот предлог се донесе со мнозинство гласови. Наметнувањето на темата дека албанците ги надгласувале македонците е тотално погрешна. Албанците секогаш биле разбирливи за Македонците – вели Селими.